Политика за веб-колачиња
Последна измена: 26.4.2026 г.
Вовед
Оваа Политика за колачиња (Политика) објаснува како и зошто ПејСпот МК ги користи колачињата и сличните технологии на својата веб-страница: www.payspot.mk, во согласност со:
- Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија
- Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR)
- Директивата e-Privacy на ЕУ
Податоците се обработуваат врз основа на:
- Согласност за несуштински колачиња
- Легитимен интерес за суштински колачиња
Со цел да се подобри вашето искуство и да се олеснат некои процеси при користењето на веб-страниците, ПејСпот МК како институција за електронски пари и давател на платежни услуги, може да користи веб-колачиња и слични технологии на своите веб-страници. Различните деловни активности на ПејСпот МК, секоја со своите специфики, можат различно да се приспособат кон имплементацијата на веб-технологиите. Оваа Политиката е одраз на нашиот стремеж на нашите корисници да им се приближи начинот на кој ние, како институција за електронски пари која дава и платежни услуги, ги користиме веб-колачињата и сличните технологии.
Користењето на веб-колачињата се прави со цел да се собираат и анализираат податоци што не се лични, а се информации како што се: тип на пребарувач, обезбедувач на интернет-услуги (IЅР), референтна веб-страница, оперативен систем, датум, време, основни географски информации и слично.
Ние користиме веб-колачиња за составување збирни податоци за сообраќајот и интеракцијата на интернет-страниците за да можеме да ја измериме ефективноста на нашите комуникации и да понудиме подобро искуство на нашите страници и алатки во иднина.
ПејСпот МК може да склучува договори со трети страни ̶ даватели на услуги за да ни помогнат подобро да ги разбереме посетителите на нашата страница. На овие даватели на услуги не им е дозволено да ги користат информациите собрани во наше име, освен да ни помогнат во водење и подобрување на нашето деловно работење.
Веб-колачиња се мали текстуални датотеки кои се чуваат на Вашиот компјутер. До нив пристапуваат интернет-пребарувачите. Зад општиот поим „веб-колачиња” стојат различни видови колачиња кои, во зависност од нивната природа, имаат различна цел: да ја подобрат навигацијата помеѓу страниците, да ги запаметат вашите желби и генерално да го подобрат корисничкото искуство.
Вообичаено, веб-колачињата не пребаруваат и не содржат чувствителни информации преземени од вашиот компјутер. Секоја лична информација што може да ја содржат потекнува од податоци што вие сте ги внеле преку веб-форма или пријава. Во случаи кога веб-колачињата содржат лични информации, кои се резултат на Ваш внес од веб-форма, тие се кодирани и не може да бидат прочитани од никој друг освен од лицето што ги создало односно пополнило.
Подолу ќе најдете општи информации за тоа што се веб-колачиња и за сличните технологии кои се користат во создавањето на веб-страниците, како се користат за ваше подобро искуство и како можете да ги контролирате од вашиот компјутер.
1. Како ПејСпот МК ги користи веб-колачињата?
Ние може да собираме информации за вашето однесување при посетата на нашите веб-страници. Веб- колачињата ни овозможуваат да анализираме податоци од типот колку долго сте се задржале на страницата и кои страници сте ги отвориле. Ние ги користиме овие податоци за да ви обезбедиме персонализирано искуство за време на посетата на нашите страници, при сите идни посети.
2. Веб-колачиња што ги користи ПејСпот МК
Постојат различни категории на веб-колачиња, па во продолжение е даден преглед на веб-колачиња и слични технологии кои можат да бидат искористени од наша страна со цел да се подобри вашето искуство и комуникација.
2.1. Неопходни колачиња
Овозможуваат основна функционалност и безбедност. Не собираат податоци за маркетинг.
2.2. Времени веб-колачиња или веб-колачиња при посета
Времените веб-колачиња автоматски се бришат од вашиот пребарувач при неговото гаснење. Веб- страниците ги користат времените веб-колачиња за чување информации, како на пример она што сте пребарувале.
2.3. Веб-колачиња за автентикација
Овие веб-колачиња се користат од страна на веб-серверите за проверка дали сте најавени или не, со цел да ви ги обезбедат личните информации што се однесуваат на вашата автентикација.
2.4. Колачиња за статистика и анализа
Собираат анонимни податоци за:
- посетени страници
- времетраење на посетата
- технички информации
2.5. Функционални колачиња
Ги паметат вашите поставки од типот на јазик и регион.
2.6. Маркетинг колачиња
Се користат само со ваша изречна согласност за прикажување релевантни реклами.
2.7. Веб-колачиња од трета страна
Веб-колачиња од трета страна не се наш производ, но ни помагаат да го следиме вашето однесување на нашите веб-страници. Во различни деловни решенија ние може да користиме некои од следниве веб-колачиња.
2.7.1. Google Analytics
Google Analytics се користи за анализа на користењето на страницата. IP-адресите се анонимизирани, а податоците се користат само за статистички цели. Нашиот развоен тим ги користи овие информации за подобрување на веб-страниците и за да ви обезбеди подобро искуство при вашата следна посета.
Повеќе информации на: http://www.google.com/intl/en/policies/privacy/
2.7.2. Google Tag Manager
Google Tag Manager не поставува колачиња самостојно, туку управува со алатки што може да поставуваат колачиња според вашата согласност.
2.7.3. Meta (Facebook) Pixel
Со ваша согласност, Meta Pixel ни помага да ја подобриме релевантноста на рекламите и да ја измериме нивната ефикасност.
2.7.4. Google Lighthouse
Google Lighthouse се користи исклучиво за техничка анализа на перформансите.
- Не поставува колачиња
- Не собира лични податоци
- Не следи корисници
3. Веб-колачиња и лични податоци
ПејСпот МК не користи веб-колачиња кои пренесуваат лични податоци.
4. Согласност за колачиња
Согласноста за користење на веб-колачиња вие ја давате при првата посета на нашите веб-страници. Во таа прилика ќе видите банер каде можете да:
- ги прифатите сите колачиња
- ги одбиете несуштинските колачиња
- ги приспособите поставките
5. Како да се отстранат веб-колачињата
Доколку се отстранат веб-колачињата од интернет-пребарувачот, не можеме да ви гарантираме дека вашето искуство со користењето на нашите страници ќе биде исто како во случај со користење на веб- колачињата.
Најголем дел од интернет-пребарувачите автоматски се поставени да прифаќаат веб-колачиња. Оваа опција може да се исклучи од менито на пребарувачот и да се избришат веб-колачињата сочувани од претходни пребарувања.
Во прилог се информации од интернет-пребарувачите за управување со веб-колачињата на вашиот компјутер:
- Chrome: https://support.google.com/chrome/answer/95647?h1=en-GB
- Internet Explorer: https://support.microsoft.com/en-иѕ/kb/278835
- Firefox: https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disabІe-cookies-website-preferences
- Safari: https://support.apple.com/kb/РН19214?1ocale=en_US
За управување со веб-колачиња на мобилни уреди видете:
- Аррlе: https://support.apple.com/en-gb/НТ201265
- Android: https://support.google.com/chrome/answer/95647?h1=en-GB
6. Контакт
компанија: ПејСпот МК доо Скопје
e‑пошта: ozlp@payspot.mk
веб‑страница: www.payspot.mk
