Поиминик
Агент
Физичко или правно лице кое, врз основа на договор, дејствува во име и за сметка на платежната институција при давање платежни услуги или во име и за сметка на институцијата за електронски пари при дистрибуција и откуп на електронски пари и/или при давање платежни услуги.
Авторизација
Постапка во која PaySpot MK проверува дали се исполнети условите за извршување на трансакција со електронски пари и електронски ја одобрува или одбива трансакцијата по барање на договорниот партнер.
Безбедносни елементи
Кориснички сигурносни обележја, кодови, PIN, сериски броеви, токени, лозинки, пристапни параметри, API клучеви и други податоци или постапки што се користат за автентикација, авторизација или користење на платежниот инструмент, електронските пари или системот на PaySpot MK.
Ваучер
Платежен инструмент со мала парична вредност за користење електронски пари, издаден од PaySpot MK, кој гласи на определен паричен износ и има утврден рок на важење. Плаќањето со ваучер се врши со внесување на неговите безбедносни елементи од страна на потрошувачот.
Деловна банка
Банка во која договорниот партнер има отворена и активна платежна сметка на која PaySpot MK врши пренос на средствата.
Дистрибутер на електронски пари
Физичко или правно лице што, врз основа на договор со издавачот, во негово име врши дистрибуција на електронски пари во рамките на договорените овластувања.
Договорен партнер
Правно лице или трговец поединец кој, врз основа на договор со PaySpot MK, прифаќа електронски пари како средство за плаќање на своите продажни места и кој, во однос на платежните трансакции со електронски пари, има својство на примач на парични средства.
Електронски пари (е-пари)
Парична вредност што се чува во електронски, вклучително и магнетски облик, издадена врз основа на прием на парични средства за целите на извршување платежни трансакции. Електронските пари се прифатени како средство за плаќање од физички или правни лица, различни од нивниот издавач, и претставуваат парично побарување од издавачот на електронски пари.
Збирен извештај
Извештај за трансакциите извршени на продажните места на договорниот партнер во определен временски период.
ЗСППФТ мерки
Мерки и активности за спречување перење пари и финансирање тероризам утврдени со закон, подзаконски акти и интерни документи на PaySpot MK.
Игри на среќа
Игри на среќа согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
Издавач на електронски пари
Правно лице овластено за издавање електронски пари.
Имател на електронски пари
Физичко или правно лице што поседува електронски пари издадени од PaySpot MK.
Информациски систем (ИС)
Збир од информации, хардвер, софтвер, опрема, луѓе, простории и комуникации што служат за обработка, чување и користење информации.
Криптомат
Автоматска машина, односно електромеханички уред преку кој давателот на услуги поврзани со виртуелни средства врши тргување, размена или пренос на виртуелни средства за законско средство за плаќање или за други виртуелни средства, како и други услуги, во зависност од типот на криптоматот.
Носители на јавни функции
Носители на јавни функции се:
- физички лица на кои им е или им била доверена јавна функција во Република Северна Македонија или во друга држава, како:
- претседатели на држави и влади, министри и заменици или помошници министри;
- избрани претставници во законодавната власт;
- судии на врховни или уставни судови;
- членови на органи на управување на супервизорски и регулаторни тела и агенции, државната ревизорска институција и членови на одбор на централна банка;
- амбасадори;
- офицери од висок ранг во вооружените сили (со чин повисок од полковник);
- избрани и именувани лица согласно со закон и членови на органите на управување;
- лица со функции во политички партии (членови на извршните органи на политичките партии);
- лица на кои им е или им била доверена истакната функција во меѓународна организација, како директори, заменици директори, членови на управни и надзорни одбори или други еквивалентни функции;
- градоначалници и претседатели на совети на општини.
- За носители на јавна функција се сметаат и лицата најмалку две години по престанокот на извршувањето на јавната функција.
- Поимот „носители на јавни функции“ ги вклучува и членовите на семејството на носителот на јавна функција, и тоа: брачен другар или лице со кое носителот на јавна функција е во вонбрачна заедница, деца и нивните брачни другари или лица со кои децата на носителот на јавна функција се во вонбрачна заедница, како и родителите на носителот на јавна функција.
- За близок соработник на носител на јавна функција се смета физичко лице за кое е познато дека има заедничка правна или вистинска сопственост врз правно лице.
Овластено лице
Лице вработено кај субјектот и назначено од неговиот орган на управување.
Перење пари
Дејствија утврдени како кривично дело согласно Кривичниот законик.
Платежен инструмент
Персонализиран уред и/или збир на постапки договорени помеѓу корисникот на платежни услуги и PaySpot MK, кои се користат за иницирање платежен налог, вклучително ваучер, апликација, картичка, код или друго средство преку кое се користат електронски пари.
Платежна трансакција со електронски пари
Платежна трансакција иницирана од потрошувачот или во негово име, при која се користат електронски пари како парични средства. Со извршувањето на трансакцијата се намалува износот на електронски пари евидентиран на име на потрошувачот и се евидентира соодветен износ во корист на договорниот партнер.
Посредници на PaySpot MK
Физички или правни лица што придонесуваат за проширување на мрежата на PaySpot MK и, за успешна аквизиција, добиваат надомест.
Потрошувач
Физичко лице што користи електронски пари издадени од PaySpot MK за плаќање стоки и/или услуги кај договорен партнер.
Пренос на парични средства
Секоја трансакција, вклучително и парична дознака, која барем делумно се извршува по електронски пат во име на плаќачот преку давател на платежни услуги, со цел средствата да му бидат ставени на располагање на примачот, без оглед на тоа дали плаќачот и примачот се исто лице и дали користат ист давател на платежни услуги.
Пренос на виртуелни средства
Секоја трансакција со виртуелни средства што се извршува по електронски пат во име на нарачателот преку давател на услуги поврзани со виртуелни средства, со цел виртуелните средства да му бидат ставени на располагање на примачот, без оглед на тоа дали нарачателот и примачот се исто лице и дали користат ист давател на услуги поврзани со виртуелни средства.
Примач
Физичко или правно лице за кое се наменети паричните средства што се предмет на платежната трансакција.
Програма
Акт на субјектот со кој се утврдуваат правилата, процедурите и упатствата за примена на мерките и активностите за спречување перење пари и финансирање тероризам, со цел ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик.
Субјекти за СППФТ
Лица што имаат законска обврска да преземаат мерки за спречување перење пари и финансирање тероризам, вклучувајќи финансиски институции.
Трансакција
Уплата и/или исплата на готовина, уплата (прием) и исплата на депозит, размена на валути, пренос на средства, купување, продавање, размена, прием и пренос на виртуелни средства, склучување договори, набавка и купопродажба на стоки и услуги, продажба или отстапување на основачки вложувања, купопродажба или отстапување акции или удели, регистрација на хартии од вредност или пренос на хартии од вредност или друг имот, како и друга активност што ја вршат субјектите согласно со законските овластувања.
Услуги на PaySpot MK
Платежни услуги, услуги поврзани со електронски пари и други услуги дозволени со интерните акти на PaySpot MK и со дозволата издадена од Народната банка.
ФАТФ (FATF) – Работна група за финансиска акција
Меѓувладино тело формирано од земјите на Г7 во 1989 година со цел да поставува стандарди и да промовира ефикасно спроведување и унапредување на стандардите, како и да го следи ефективното спроведување на законските, регулаторните и оперативните мерки за спречување перење пари, финансирање тероризам и финансирање на ширење оружје за масовно уништување (финансирање на пролиферација) на меѓународно ниво.
Финансирање на тероризам
Дејствија утврдени како кривично дело согласно Кривичниот законик.
Shell bank (банка школка)
Финансиска институција која во државата каде што е регистрирана нема деловни простории, вработени и органи на управување и не е членка на банкарска или друг вид групација што е предмет на супервизија на консолидирана основа.
