За PaySpot MK

PaySpotMK лого - Институција за електронски пари

Кои сме ние?

PaySpot MK е лиценцирана институција за електронски пари и давател на платежни услуги, која работи согласно Законот за платежни услуги и платни системи и со овластување од Народната банка на Република Северна Македонија.

Нашата мисија е да ги направиме финансиските услуги подостапни, поедноставни и побезбедни за сите. Преку современи дигитални решенија и развиена мрежа на агенти, овозможуваме брзи, сигурни и практични платежни услуги за физички и правни лица.

Нашите услуги се достапни преку сопствени деловни единици, агентска мрежа и дигитални канали, овозможувајќи им на корисниците лесен пристап до финансиските услуги, каде и да се наоѓаат.

Доверба, сигурност и усогласеност

Работењето на PaySpot MK се темели на транспарентност, сигурност и целосна усогласеност со важечката законска регулатива. Покрај Законот за платежни услуги и платни системи, своето работење го усогласуваме и со:

Континуирано инвестираме во безбедноста на нашите системи, едукацијата на вработените и агентите и унапредувањето на процесите, со цел да обезбедиме сигурно и доверливо корисничко искуство.
Нашата цел е да изградиме долгорочна доверба преку транспарентно работење, иновативни решенија и услуги кои ги следат потребите на современите корисници.
Раце кои се ракуваат

Често поставувани прашања

Што е PaySpot MK?

PaySpot MK е модерна и регулирана финансиска институција за електронски пари (е-пари), создадена да ви овозможи побрзо, полесно и поудобно секојдневно плаќање. Со PaySpot MK добивате практичен дигитален паричник, едноставен пристап до платежни услуги и поголема флексибилност во управувањето со вашите средства.

Како PaySpot MK управува со средствата на клиентите?

Вашите средства се важни, затоа PaySpot MK ги чува одвоено од средствата на компанијата, на посебна сметка во банка. Тоа значи поголема сигурност, јасна заштита и дополнителна доверба при користење на услугите.

Дали моите податоци и трансакции се безбедни?

Да. PaySpot MK применува современи безбедносни мерки за заштита на вашите лични податоци и трансакции, за да можете да ги користите услугите со поголема сигурност и доверба.

Не го наоѓаш одговорот кој ти треба? Погледни ја страницата со ЧПП или контактирај нѐ.

Поедноставно управување со твоите финансии со PaySpot MK