Политика за приватност
Последна измена: 26.4.2026 г.
Вовед
ПејСпот МК доо Скопје, во својство на издавач на електронски пари и давател на платежни услуги (во понатамошниот текст: ПејСпот МК), своето работење го промовира и го спроведува во директна комуникација со своите корисници или преку своите веб-страници, како алатка за комуникација со засегнатите страни за нашите услуги. Различните деловни линии на ПејСпот МК, секоја со своите специфики, можат различно да се приспособуваат кон приватноста на вашите лични податоци. Оваа Политика е одраз на нашиот стремеж на нашите корисници да им се приближат процесите на обработка на личните податоци поврзани со активностите на давање на издавање и откуп на електронски пари и платежни услуги.
Почитувајќи ги во целост законските обврски, ПејСпот МК се грижи за вашето право на приватност. Ние ги зачувуваме само оние лични податоци што се неопходни за да се остварат деловните, законските и други овластувања поврзани со неговата деловна активност.
Оваа Политика е подготвена да ги информира корисниците на нашите услуги за практиката на спроведување на обврските во интерното работење и во работењето со своите договорни партнери при дистрибуција и/или при создавање на нашите производи и услуги. Во понатамошниот текст производите и услугите на ПејСпот МК ќе бидат адресирани само како: Услуги.
Оваа Политика се применува таму каде што вие сте еден од нашите клиенти, контакти, добавувачи, изведувачи (вклучително поранешни вработени или претходни изведувачи) на Услугите на ПејСпот МК и имате директна врска со ПејСпот МК. Во вакви услови ќе дејствува како контролор на податоци и ќе донесува одлуки поврзани со почитување на личните податоци што ги поседуваме за вас.
Оваа Политика не се однесува на сопствени производи или услуги понудени од наши партнери, застапници, други трети страни и нивни услуги или веб-страници на кои може да преминете во текот на прегледувањето на нашите веб-страници. Поради претходното, ве охрабруваме да ги прочитате политиките за приватност на тие трети страни.
Подолу ќе ве информираме за тоа кои податоци ги собираме за вас, како ги користиме прибраните податоци, каде податоците се обработуваат, ќе ве информираме за вашите права поврзани со податоците што ги чуваме за вас, како може да ја повлечете дозволата за користење на вашите податоци, безбедносните одредби на чување на вашите податоци, како да ги ажурирате или избришете вашите податоци.
Согласност
Со внесување на ваши податоци на нашите веб-страници или апликации на мобилни уреди, како и со директен пристап до нашите шалтери или шалтерите на нашите агенти вие изречно се согласувате со оваа Политика, односно ги прифаќате условите наведени во неа. Доколку не се согласувате со кој било дел или во целост со оваа Политика, не ја продолжувајте вашата активност во нашите филијали, со агенти, на нашите веб-страници или на нашите апликации за мобилни уреди.
Какви типови на информации собираме?
ПејСпот МК собира податоци од вас кога правите нарачка за кои било производи или кога користите наша услуга, кога аплицирате за пристап/претплата за Услугите, кога правите претплата на некој наш билтен, кога користите наша услуга за online разговор (chat), кога преземате информативни документи за нашите Услуги, кога се регистрирате за вебинар или организираме online состанок, кога одговарате на анкета или пополнувате формулар за помош пред или по продажба на услуги или кога отворате барање за поддршка.
Не ограничувајќи се на претходниот став, секогаш кога имате интеракција со нас, а со цел од нас да добиете услуга, поддршка или информација, ние може да побараме од вас податоци што може да бидат лични.
Од вас може да биде побарано да го внесете вашето име и презиме или други податоци содржани во вашите документи за лична идентификација, електронска адреса, поштенска адреса, броеви на документи за лична идентификација, матичен број, телефонски број за мобилен уред, параметри кои може да ни помогнат за подобар маркетинг, да бидат преземени технички податоци за вашиот мобилен уред, да бидат преземени ваши биометриски податоци, вклучително фотографија и/или видеоматеријал кој ја потврдува вашата живост, детали за организацијата во која работите и други лични податоци.
Доколку, врз основа на ваша желба, изберете плаќање на нашите Услуги со користење на нашата виртуелна електронска продавница, ќе ви бидат побарани и податоци поврзани со вашата платежна картичка од страна на картичниот процесор преку кој се обезбедува плаќањето. Ве молиме да ја побарате и прочитате Политиката на приватност на обезбедувачот на картични плаќања на неговата веб-страница.
„ПејСпот МК“ се однесува кон податоците за лична идентификација како доверливи. Овие податоци може да се проверат со користење на надворешни комерцијални апликации и како такви се сметаат дека се од јавен карактер.
Согласно деловните активности и потреби може да прибереме дополнителни информации за вас со користење на извори на податоци – бази на податоци од трети страни (јавни и приватни) и/или бази на податоци направени достапни за нас од страна на државните институции, со цел подобрување на нашите услуги.
„ПејСпот МК“ чува ваши чувствителни податоци поврзани со ваши финансиски трансакции.
Вие секогаш ќе бидете прашани да дадете согласност за јавно објавување на ваши податоци.
За што ги користиме вашите податоци?
Личните податоци што ќе бидат побарани од вас и причините поради кои се бараат од вас ќе бидат јасно наведени во моментот на нивното барање. Без разлика дали вашите лични податоци се јавно достапни или се приватни, тие нема да се продаваат, разменуваат, ниту ќе бидат дадени на која било друга компанија да располага со нив. Вашите лични податоци ги користиме за извршување на своите деловни активности, законски обврски и барања. Личните податоци ги прибираме при следново:
Создавање на ваша сметка
Создавањето на сметка за е-пари или платежна сметка е битен, а некогаш и обврзувачки елемент за добивање Услуга од „ПејСпот МК“. Сметката може да биде креирана во филијалите на „ПејСпот МК“ и нејзините агенти, како и во рамките на веб-страницата или апликацијата за мобилен уред.
Гасењето на сметката не значи и бришење на личните податоци од системите на „ПејСпот МК“.
Процесирање на нарачка
Вашите податоци, јавни или приватни, нема да бидат продадени, разменувани, дадени или доставени на друга компанија поради причина која не е во согласност со дефинираниот работен процес на испорака на Услугата без Ваша согласност.
Подобрување на Услугите за корисниците
Вашите податоци ни помагаат поефикасно да одговориме на вашите барања пред и по продажбата и на потребите за техничка поддршка.
Испраќање на известувања за опоравување
Електронската адреса што ја давате како контакт и/или корисничко име за отворање на сметка, за обработка на нарачката може да се користи за да ви се испратат кодови за проверка на ваше владение со електронската сметка, известувања за издавање, поништување, обновување на дигитални сертификати, истекување на рокови како и информирање за извршувањето на Услугите согласно јавно објавените правила и постапки за нивно издавање, зависност од услугата или производот.
Испраќање пораки преку електронска пошта
ПејСпот МК може да Ви испраќа пораки за:
- периодични билтени за дејноста, за појава на нова верзија на услуга, информации поврзани со услугите, анкети, како и известувања за статусот на спроведеното системско одржување или достапност на услуга;
- информирање за потврдување на Вашиот идентитет, било лице-в-лице со нашите овластени вработени или на далечина, и оцена дали ќе станете корисник на нашите услуги или производи и услуги на трети страни, а согласно јавно објавените правила и постапки за спроведување на овие активности.
Обврска за пријавување на промена на податоци
Вие, како наш клиент, при секоја промена на податоците што претходно своеволно сте ни ги довериле, должни сте да не информирате дека сте направиле нивна промена.
Законска основа за обработка на лични податоци
Ние ги обработуваме вашите лични податоци заради спроведување на нашиот договор со вас, заради легитимен интерес на ПејСпот МК согласно наши вообичаени деловни активности приспособени кон Законот за платежни услуги и платни системи (ЗПУПС) и неговите подзаконски акти, како и Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП).
Во други случаи, ќе побараме ваша согласност за обработка на личните податоци што ќе ги доставите.
Вашето одбивање да ни дадете лични податоци за одредени Услуги може да не спречи да ја исполниме вашата нарачка за Услуги. Исто така, ако ја одбиете или повлечете вашата согласност за користење лични податоци или ако одбиете да примате информации за Услугите на ПејСпот МК, тоа може да резултира со ваша неинформираност за обновување на Услугите, периодични билтени со информација од нас, објава на нови Услуги, безбедносни ажурирања, поврзани производи или информации за Услугите, статусот на текот на закажаното одржување или достапност на Услугата.
Подолу, во дел 13, прочитајте за тоа како можете да ја повлечете вашата согласност.
Споделување на лични податоци со трета страна
За да обезбедиме квалитет во работата, подобри технички перформанси, за статистички цели и маркетинг при креирање услуги, создаваме партнерски односи со други компании (трети страни). Во такви строго контролирани услови ние може да споделиме ваши лични податоци и тие кои ќе бидат обработени со наша легитимна причина за обезбедување на Услуги за сите наши корисници.
Подолу е даден преглед на профил на компании и причина за воспоставување партнерски однос. Ова не е конечен преглед и истиот може да се менува согласно нашите потреби за константно подобрување. Ние соработуваме со даватели на аналитички показатели, финансиски институции и од може да добиваме информации за вас. Може да соработуваме со Twitter, Google, Facebook, LinkedIn и други за да ви овозможиме да се регистрирате за Услугите користејќи ги акредитивите што ги имате кај тие компании. Подолу е нецелосна листа на трети страни со кои соработуваме. Соработката може континуирано да се проширува или да престанеме да работиме.
Трета страна | Зошто работиме со нив |
Даватели на услуги лоцирани во Република Србија | За обезбедување специфични технички и технолошки услуги за кои ПејСпот МК не вложува средства во својата инфраструктура. |
Различни финансиски компании (банки, фондови, осигурителни друштва и т.н.) | Пласман на наши производи и услуги, вклучително и да ни овозможат да прибереме, обработиме и складираме идентитетски податоци |
Интернационални компании кои обезбедуваат услуги на интернет прелистување и пребарување и платформи на социјални мрежи | Следење на перформансите на нашата понуда на интернет, за статистичка обработка на податоци поврзана со активноста на нашите веб страници, маркетинг |
Дополнително, може да ги откриеме вашите лични податоци на трети страни:
- ако сме должни да ги откриеме или споделиме вашите лични податоци со цел да се усогласиме со каква било законска или регулаторна обврска или барање;
- да ги спроведеме или примениме условите за користење на нашите услуги и други договори или да истражуваме потенцијални прекршувања; или
- да ги заштитиме правата, имотот или безбедноста на нашите системи или други наши корисници.
Чување на податоци
За да се исполнат барањата за ревизија на давателот на платежни услуги „ПејСпот МК“, личните податоци кои се пополнети или прибрани при аплицирањето, ќе бидат чувани минимум 10 (десет) години во зависност од Услугата и може да бидат зачувани во физички или електронски формат. За сите детали, Ве молиме прочитајте ги правилата и постапките објавени за секоја Услуга на „ПејСпот МК“, објавени во јавното складиште на документи:
Откажување за добивање известувања преку е-пошта
Ако во кое било време сакате да се откажете од добивање електронски пораки, тоа можете да го направите преку инструкции за откажување објавени на веб-страниците и/или вклучени на крајот од секоја електронска порака.
Како ги штитиме вашите податоци?
ПејСпот МК ги презема сите пропишани технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, за спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба, настојувајќи да ги примени најновите достигнувања во оваа област.
Нашите процедури за заштита се предмет на редовни контроли спроведени согласно европските стандарди и барањата на домашното законодавство и се одраз на најновите технолошки достигнувања.
Користење на веб-колачиња
Веб-колачињата (анг. Cookies) се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат во Вашиот компјутер заради следење и/или подобрување на перцепцијата на корисникот за веб-страници што ги посетува.
Посебна група на веб-колачиња наречени веб-светилници (анг. Lighthouses) се алатки со отворен код и автоматизиран систем што ни помага да го подобриме квалитетот на нашите веб-страници. Овие алатки можете да ги користите на која било веб-страница при што овозможуваат проверки на перформанси, пристапност, оптимизација за пребарувачи (SEO) и многу повеќе.
ПејСпот МК за своите онлајн активности може да користи веб-колачиња и веб-светилници во своите веб-страници и во е-пошта поврзана со маркетинг за да собере и анализира некои лични податоци, како што се IP адресата на посетителот, типот на прелистувачот, обезбедувачот на интернет услуга, страницата за упатување, оперативниот систем, датумот, времето и основните географски информации.
Ние може да користиме веб-колачиња и веб-светилници за да собереме збирни податоци за сообраќајот и за интеракцијата на веб-страните, за да можеме да ја измериме ефективноста на нашите комуникации и да понудиме подобри искуства и алатки на веб-страниците. Може да склучиме договор со трети страни, даватели на услуги за да ни помогнат подобро да ги разбереме посетителите на нашите веб-страници. На овие даватели на услуги не им е дозволено да ги користат информациите собрани во наше име, освен за да ни помогнат да го водиме и подобриме нашето деловно работење.
Посетителите кои за првпат ги посетуваат нашите веб-страници може да изберат да не прифатат колачиња за следење активност во нивниот прелистувач. Ние може да користиме колаче за идентификација на исклучување за да ги означиме тие посетители на нашите веб-страници што ја донеле оваа одлука. Во овој случај колачиња кои се однесуваат на перформансите на веб-страниците, подобрувањето на искуството и маркетингот се програмирани да не се имплементираат кога е присутно колаче за исклучување во прелистувачот на посетителот. Во случај на имплементација на овој тип колачиња за откажување, тие ќе опстојуваат сè додека посетителот не ги избрише колачињата на прелистувачот или до нивното истекување една година по зададениот датум. Посетителот треба повторно да се откаже по една година за да ги оневозможи колачињата за следење на активноста.
Посетителот на веб-страниците може да постави прелистувач така што истиот да ги одбива сите или некои колачиња на прелистувачот или да предупреди кога веб-страниците поставуваат или пристапуваат до колачиња. Доколку ги оневозможите или одбиете колачињата, имајте предвид дека некои делови од веб-страниците може да станат недостапни или да не функционираат правилно.
Подетални информации поврзани со користењето веб-колачињата побарајте на нашата веб-локација: https://www.payspot.mk
во документ поврзан со нашата Политика за користење на веб-колачиња. На нашите веб-страници вие како корисник имате можност да дадете или да одземете согласност за користењето на типот на веб-колачињата или веб-светилниците што се користат.
Користење на записи за дијагностицирање и статистика
Нашите сервери автоматски снимаат информации (креираат записи – log) создадени при вашето користење на нашите Услуги. Податоците од овие записи може да содржат информации како што се вашата IP адреса, тип пребарувач, оперативен систем, референтна веб-страница, посетени страници, локација, вашиот мобилен оператор, идентификатори на уред и апликација, услови за пребарување и информации за колачиња. Ние ги користиме овие информации за дијагностицирање и за подобрување на нашите услуги. Ние или ќе ги избришеме податоците од записите или ќе отстраниме какви било идентификатори на корисничка сметка, како што се корисничко име, целосна IP-адреса или електронска адреса, десет (10) години по последната Ваша активност.
Откажување и повлекување согласност
Доколку во кое било време сакате да се откажете од примање идни е-пораки, ние вклучуваме упатства за откажување што се лоцирани во долниот дел на секоја е-пошта.
Доколку ПејСпот МК ги обработува вашите лични податоци врз основа на ваша согласност, може да побарате да ја повлечете во секое време со испраќање порака на адресата: soglasnost@payspot.mk или да нѐ контактирате на една од адресите прикажани во делот 17 подолу. Вашето барање ќе биде разгледано во рок од 3 работни дена.
Дали откриваме информации на трети страни?
Ние не продаваме, тргуваме или на друг начин пренесуваме ваши лични информации на надворешни страни. Ова не вклучува трети страни кои ни помагаат во работењето на нашата интернет-страница, пополнувањето апликации за дигитален сертификат или за која било друга услуга, ни помагаат во оптимизирање или додавање вредност на услугите што ги нудиме, како што е нудење интегрирани производи или услуги на трети страни. Во услови кога податоците се споделуваат со такви трети страни, од нив се бара да се согласат со условите за доверливост. Ова ги спречува таквите трети страни да вршат продажба, трговија, маркетинг или на друг начин да пренесуваат податоци за корисници на „ПејСпот МК“.
Исто така, ние може да ги направиме вашите податоци достапни на трети страни кога сметаме дека со тоа се почитува закон или се заштитуваат нашите права, имот или безбедност.
Наша Политика е да ве известиме дека постои барање за пренесување на вашите лични податоци врз основа на закон, освен ако тоа пренесување не е забрането да се стори со друг закон или со судска наредба.
Регистрирање
Согласно законската обврска во врска со собирање, обработка и архивирање на лични податоци, направена е соодветна регистрација кај надлежен орган. За да добиете дополнителни информации во врска со нашата регистрација или да поднесете жалба против нас, може да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18
Поштенски фах 417, 1000 Скопје
https://www.azlp.mk/mk/kontakt
Прибирање на лични податоци и ваши права
Во согласност со законските прописи во Република Северна Македонија имате утврдени права и обврски за заштита на приватноста кои „ПејСпот МК’ целосно ги почитува. Дополнително, ние се стремиме да ги почитуваме и правилата за заштита на приватноста на личните податоци согласно уредбите на Европската Унија.
Начин на прибирање на лични податоци:
- Секогаш бараме ваша изречна согласност за сите лични податоци што треба да ги поднесете.
- Ние не собираме ваши лични податоци, освен ако вие не иницирате активност на нашите веб-страници кои налагаат прибирање податоци заради обезбедување услуги.
- Ние ги користиме податоците што вие ги поднесувате за да ве идентификуваме, да ги провериме податоците што сте ги доставиле, да ви доставиме информации во хартиена или електронска форма, а сè со цел нашите услуги да ги направиме достапни за вас.
Ваши права и обврски
- Вие сте одговорни за обезбедување и давање вистинити, точни, тековни и целосни лични податоци на ПејСпот МК. Исто така, вие сте одговорни да ги одржувате и навремено да ги ажурирате информациите за да бидат вистинити, точни, тековни и целосни.
- Можете да ги остварите вашите права и писмено да нѐ контактирате. Ние ќе бараме од вас да обезбедите идентификација за да ја потврдите автентичноста како субјект на податоците. Ќе направиме разумни напори да одговориме и да го обработиме вашето барање како што наложува законот.
- Според важечкиот закон, може да имате право да барате бришење на вашите лични информации, ограничување на обработката што се однесува на вас, да направите приговор на обработката и на правото на преносливост на податоците. Исто така, имате право да поднесете жалба до надзорен орган.
- Ако дадете какви било информации кои се невистинити, неточни, не се тековни или се нецелосни, или ако имаме разумни основи да се сомневаме дека тие информации се невистинити, неточни, не се тековни или се нецелосни, имаме право да ја суспендираме или укинеме вашата сметка и да одбиеме која било и сите тековни или идни Услуги.
- Право на пристап и исправка – имате право да побарате информација за тоа кои ваши лични податоци ги чуваме и да направите исправка на податоците што сметате дека се неточни. Имате право и да побарате да бидат надополнети или ажурирани податоците кои сметате дека се некомплетни или неточни.
- Право на ограничување на обработка – имате право, под одредени услови, да побарате да ја ограничиме обработката на вашите податоци.
- Право на приговор на обработка – имате право, под одредени услови, на приговор за обработката на вашите лични податоци и право да поднесете приговор и/или жалба до надзорен орган.
- Право на пренос на податоци – имате право, под одредени услови, да побарате од нас да ги пренесеме податоците што сме ги прибрале за вас во друга организација или да ви ги дадеме вам.
- Право да не бидете предмет на одлука заснована исклучиво на автоматска обработка – ова право се проширува и на правото да не бидете профилирани врз основа на што можат да се носат правни заклучоци поврзани со вас, освен ако за тоа постои законска основа со соодветно обезбедување на вашите права, слободи и лични интереси.
Како ги заштитуваме вашите лични податоци
За да спречиме неовластен пристап до личните податоци и да спречиме и оневозможиме губење на доверливост, интегритет или достапност на личните податоци, воспоставивме внатрешни политики и процедури за безбедносни мерки. За да ги постигнеме горенаведените цели, ги имплементиравме следниве мерки:
- Воспоставување политика за соодветно ракување со личните информации и личните податоци во согласност со законите, регулативите и упатствата.
- Воспоставување политики кои предвидуваат правила за стекнување, користење, складирање, обезбедување, бришење и отстранување на лични податоци, како и одговорни лица и нивни улоги.
- Организациски безбедносни контролни мерки, како што се утврдување одговорно лице, појаснување на вработените кои обработуваат лични податоци и обем на обработка на личните податоци, имплементација на систем за известување и комуникација со одговорното лице во случај кога е откриен факт или се откриени индикации за непочитување на законот и/или политиките, а периодичните инспекции во врска со статусот на обработката на личните податоци се во согласност со политиките и процедурите.
- Мерки за лична безбедност, како што се наведување прашања во врска со доверливоста на личните податоци во прирачникот за вработените и спроведување периодична обука за правилата и политиките поврзани со обработката на личните податоци.
- Физички безбедносни мерки, како што се контрола на физичкиот пристап за вработените, ограничувања на опремата внесена во канцеларија и ограничувања и контроли на отстранување на опремата и електронските медиуми и документи кои обработуваат или содржат лични податоци, за да се спречи нивна кражба или губење, итн.
- Мерки за техничка контрола на безбедноста, како што е воведување системи за заштита на информациските системи кои работат со лични податоци од неовластен надворешен пристап или неовластен софтвер.
- Имплементација на безбедносни контролни мерки врз основа на разбирање на системите за заштита на лични податоци во земјите каде што се обработуваат личните податоци.
- Назначување офицер за заштита на лични податоци, кој ги надгледува сите процеси и активности за постапување со податоците.
Заштита на приватноста на малолетници
Услугите на ПејСпот МК не се дизајнирани за малолетници и не се нудат на малолетници. Ние свесно не собираме ниту бараме лични податоци од малолетници и свесно не им дозволуваме на таквите лица да ги користат нашите Услуги.
Ако сте малолетник, не обидувајте се да ги користите Услугите или да ни испраќате какви било информации за себе. Во случај да дознаеме дека сме собрале лични податоци од малолетник, ние ќе ги избришеме тие информации што е можно побрзо.
Ако сметате дека имаме какви било информации од или за малолетно лице, ве молиме контактирајте нè користејќи ги информациите за контакт во дел 19 подолу.
Измени на оваа Политика
Доколку се направат измени во оваа Политика на приватност, корисниците на нашите Услуги ќе бидат известени со објава на нашите веб-страници и/или со испраќање електронска порака со известување за достапноста на нова верзија.
Со објавување на новата верзија на овој документ престанува да важи неговата претходна верзија. Претходната верзија ќе остане достапна за ваше потсетување на локацијата: https://www.psmk.com/mk-MK/Home/Dokumenti.
Изјава
ПејСпот МК е посветен на обезбедување на ефективен, приспособлив и доверлив Систем за заштита на лични податоци, кој е способен да спроведе ефикасни и решителни активности во случај на прекршување или компромитирање, но, исто така, и да обезбеди силна и цврста рамка за приватност.
ПејСпот МК целосно ги исполнува своите одговорности како контролор на личните податоци на своите корисници и заинтересирани трети страни. Тој управува со собирањето, преносот и со складирањето на таквите информации не само на законски и етички начин туку и на начин што се очекува од некој кој е лиценциран од страна на регулаторот Народната банка на Република Северна Македонија, за издавање на електронски пари и давање на платежните услуги.
ПејСпот МК, исто така, се обврзува да се придржува до законските, регулаторните и договорните барања и да управува со ризик кој е присутен кај овој тип Услуги.
Политиката по карактер е динамична и вклучува посветеност кон постојано подобрување преку процес на известување за инциденти, проценка на ризик и редовни ревизии. Оваа Политика се прегледува барем еднаш годишно или доколку се случат промени што налагаат веднаш да се направи промена.
Контактни и други информации
Доколку сакате да не контактирате, да се пожалите или да добиете информации за она што ние го чуваме за вас, ние ви ги нудиме следниве опции:
- Да ни пратите писмо на адреса: Булевар Јане Сандански број 78, 1-1, мезанин, 1000 Скопје.
- Да се јавите на телефонскиот број: +389 76 236690
- Да испратите е-порака на адреса: ozlp@payspot.mk.
За какво било барање поврзано со заштитата на личните податоци, ние ќе ви одговориме во законски рок.
