Често поставувани прашања

Општо

Што е PaySpot MK?

PaySpot MK е модерна и регулирана финансиска институција за електронски пари (е-пари), создадена да ти овозможи побрзо, полесно и поудобно секојдневно плаќање. Со PaySpot MK добиваш практичен дигитален паричник, едноставен пристап до платежни услуги и поголема флексибилност во управувањето со твоите средства.

Дали PaySpot MK дава и други услуги?

Да. PaySpot MK нуди широк избор на платежни услуги што го олеснуваат секојдневието — од уплати и исплати, до плаќања, трансфери, отворање и одржување сметка, како и користење картички и други дигитални решенија. Сè е насочено кон побрзо, поедноставно и попрактично корисничко искуство.

Како функционира институцијата за електронски пари PaySpot MK?

PaySpot MK функционира едноставно: ти уплаќаш средства, а тие се претвораат во е-пари што можеш да ги користиш брзо и сигурно. На овој начин добиваш современо дигитално решение што го штеди твоето време и ти дава поголема контрола врз твоите трансакции.

Електронски пари

Што се електронски пари?

Е-пари се практична дигитална верзија на пари што ти овозможува брзи и лесни плаќања. Откако ќе уплатиш средства, можеш веднаш да ги користиш за купување, трансфери и други услуги кај прифатени продавачи и партнери.

Каде можам да купам/откупам електронски пари на PaySpot MK?

Е-пари можеш лесно да купиш или откупиш во филијалите на PaySpot MK, преку дигиталните канали или кај овластени агенти — брзо, едноставно и според твоите потреби.

Дали со електронските пари можам да плаќам онлајн?

Да. Со е-пари можеш лесно да плаќаш онлајн и побрзо да купуваш производи и услуги, без непотребно чекање.

Дали со електронските пари можам да плаќам во странство?

Не. Во моментов, е-парите издадени од PaySpot MK не можат да се користат за плаќање надвор од Македонија.

Каде можам да плаќам со електронски пари?

Со е-пари можеш брзо и лесно да вршиш плаќања за секојдневни услуги, сметки и онлајн купувања. Услугата е создадена за поголема удобност, а плаќањето е можно кај партнери и продажни места што соработуваат со PaySpot MK.

Платежни услуги

Како и каде можам да отворам сметка во PaySpot MK?

Отворањето сметка во PaySpot MK е брзо, едноставно и безбедно. Процесот е дизајниран да ти овозможи лесен почеток, со идентификација согласна важечките правила за заштита на корисниците.

Отворањето на сметка е можно:

  • во филијала на PaySpot MK
  • кај агент кој работи во име и за сметка на PaySpot MK
  • онлајн преку веб-страницата на PaySpot MK
Дали моите податоци и трансакции се безбедни?

Да. PaySpot MK применува современи безбедносни мерки за заштита на твоите лични податоци и трансакции, за да можеш да ги користиш услугите со поголема сигурност и доверба.

Дали PaySpot MK нуди услуги за правни лица?

Да. PaySpot MK нуди решенија и за физички и за правни лица, со услуги што можат да се прилагодат на различни потреби и начини на работа.

Дали можам да ги користам услугите на PaySpot MK без банкарска сметка?

Да. Одредени услуги на PaySpot MK можеш да ги користиш и без банкарска сметка, што значи поголема достапност и полесен пристап до дигитални плаќања.

Како институцијата за електронски пари PaySpot MK управува со средствата на клиентите?

Твоите средства се важни, затоа PaySpot MK ги чува одвоено од средствата на компанијата, на посебна сметка во банка. Тоа ти овозможува поголема сигурност, јасна заштита и дополнителна доверба при користење на услугите.

Како можам да станам трговец кој ги прифаќа електронските пари на PaySpot MK за продажба на услуги и производи (прифатно место)?

За да и твоето продажно место почне со соработка и прифаќање на PaySpot MK е-пари, контактирај нè на 070236690 или пиши ни на office@payspot.mk каде ќе ги добиеш сите потребни информации.  Со станување продажно место на PaySpot MK ќе им понудиш на твоите ценети клиенти побрз, полесен и модерен начин на плаќање, а нашиот тим ќе ти помогне во секој чекор од тоа.

Како можам да ги следам моите трансакции?

Твоите трансакции може лесно да ги следиш преку дигиталниот паричник на веб или во мобилната апликација. На едно место добиваш јасен преглед на уплати, плаќања, трансфери и состојба на средства.

Како можам да станам PaySpot MK агент?

Ако сакаш да станеш агент на PaySpot MK, контактирај нè на 0702236690 или пиши ни на office@payspot.mk. Ќе добиеш можност да бидеш дел од модерна платежна мрежа и да понудиш услуги што им носат реална вредност на вашите клиенти.

Имаш друго прашање?