Електронските пари (е -пари) се дигитална форма на пари што можеш да ја користиш за плаќања, трансфери и купување услуги преку мобилна апликација, платежна картичка или онлајн платформа. Електронските пари имаат иста вредност како и обичните пари, но се чуваат и користат електронски, без потреба од готовина или банкарска сметка.
Брзи плаќања, 24/7
Плаќањата се случуваат веднаш – без чекање, без „легнување“ средства и без паузи за викенди или празници.
Безбедно и транспарентно
Твоите средства се чуваат на заштитени сметки под строга регулатива, а ти можеш да ја видиш секоја трансакција онлајн.
Без банкарска сметка
За користење ти треба само мобилен телефон. Без банкарски формалности, без картички – едноставно и достапно за секого.
Плаќање со QR код
Скенираш и плаќаш веднаш. Без внесување податоци, побрзо и побезбедно за секојдневни плаќања и онлајн купување.
Ваучер
Вредносна картичка
Вредносна картичка без можност за надополнување за купување во продажни места во земјата.
НАСКОРО
Картичка со претплата
Картичка со претплата со можност за надополнување за купување во продажни места во земјата.
НАСКОРО
