Нов агент во Скопје – ЕУРО ЈЕТА
PaySpot MK продолжува да ја проширува својата агентска мрежа со цел да обезбеди уште поголема достапност на своите услуги за корисниците. Со задоволство објавуваме дека ЕУРО ЈЕТА Менувачница се приклучи на агентската мрежа на PaySpot MK.
Преку оваа агентска локација, клиентите ќе можат да купуваат и откупуваат електронски пари, како и да користат платежни услуги кои ги нуди PaySpot MK. Со новиот агент, корисниците во Скопје добиваат уште една достапна локација за брзо, едноставно и сигурно извршување на своите финансиски трансакции.
Проширувањето на агентската мрежа е дел од нашата посветеност да им овозможиме на физичките и правните лица полесен пристап до современи, сигурни и достапни финансиски услуги.
Информации за агент:
Назив на организација: ЕУРО ЈЕТА Менувачница
Адреса на локација 1: Дарданија број 42
Адреса на локација 2: Дарданија број 13
Контакт телефон: +38971923623
Види ги сите новости и промоции
