Нов агент на PaySpot MK во Струмица

PaySpot MK продолжува да ја проширува својата агентска мрежа со цел своите услуги да ги направи подостапни за корисниците низ целата држава. Со задоволство објавуваме дека нов член на агентската мрежа е ИБИС АБ КОНС ДООЕЛ Струмица.

Преку новата агентска локација, клиентите ќе можат да купуваат и откупуваат електронски пари, како и да користат платежни услуги во согласност со понудата на PaySpot MK. Со ова, корисниците добиваат уште една лесно достапна точка за брзо и едноставно извршување на секојдневните финансиски трансакции.

Проширувањето на агентската мрежа е дел од нашата заложба да обезбедиме сигурни, достапни и современи финансиски услуги за физички и правни лица низ целата земја.

Информации за агент:

Назив на организација: ИБИС АБ КОНС ДООЕЛ Струмица
Адреса: Маршал Тито 4/1, Струмица, 2400
Контакт телефон: +38976508999
Контакт е-адреса: ibis.ab.kons@gmail.com