PaySpot MK е лиценцирана институција за електронски пари и давател на платежни услуги, која работи согласно Законот за платежни услуги и платни системи и со овластување од Народната банка на Република Северна Македонија.
Нашата мисија е да ги направиме финансиските услуги подостапни, поедноставни и побезбедни за сите. Преку современи дигитални решенија и развиена мрежа на агенти, овозможуваме брзи, сигурни и практични платежни услуги за физички и правни лица.
Нашите услуги се достапни преку сопствени деловни единици, агентска мрежа и дигитални канали, овозможувајќи им на корисниците лесен пристап до финансиските услуги, каде и да се наоѓаат.
